Хотел Климетица

Нас. Св. Стефан, Охрид

  • Број на соби: 45

  • Пријава: 12:00 - 22:00

    Одјава: 11:00 - 12:00

Почнувајќи од: 28

Повелете бидете наши гости и поминете незаборавни моменти.

Хотел Климетица 2 ви нуди незаборавни мигови по­ми­нати во природен амбиент. Сместен во густа бо­ро­ва шума, во непосредна близина на Охридското Езе­ро, на само 4км. од­да­леченост од градот Охрид во ту­рис­тич­ката населба Св.Стефан, Климетица е идеално место за одмор и ре­лак­са­ција.
Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од град­ската бучава, микс на чист планински воздух и езер­ска уба­ви­на ќе нап­ра­ви да се почувствувате свежи и ис­пол­нети со енер­ги­ја. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хо­телот, давааат впечаток на префинетост. Овде љу­безниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде.

Хотелот располага со 41 луксузно оп­ре­мени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна те­ле­фонска линија, 24 часа бесплатна ин­тернет конекција, клима уред. Располагаме со пространо лоби оп­ре­мено со бар, телевизија, и WIFI ко­нек­ција.

Лобито Ви овозможува ужи­ва­ње во прекрасен поглед кон Ох­рид­ското Езеро. За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот.
Ресторанот е со капацитет од 240 седишта и тераса од 150 седишта. Нашиот рес­то­ран е достaпен и за организирани настани и прослави како што се коктели, прос­ла­ви, свадби и останати семејни и бизнис свечености. Дозволете ни со нашето долгогодишно искуство во областа на ор­ганизација и реализација на низа домашни и странски се­ми­нари да допринесеме за успешно остварување и на вашите семинари и проекти.

Покрај Хотел Климетица 2 на само 150 метри оддалеченост лоциран е Хотел Климетица 1, објект кој е на 50 метри од езерската шир со со­вре­мен ентериер.Ви нудиме ком­фор и удобност - прекрасно место за одмор и релаксација како и спо­де­лување пријатни мигови.

Цена по соба за едно ноќевање

Вклучено 5% ДДВ, 0.68% туристичка такса

  • Single Room

    Вклучен доручек

    Max

    28 €

  • Double Room

    Вклучен доручек

    Max

    42 €

  • Twin Room

    Вклучен доручек

    Max

    42 €

  • Triple Room

    Вклучен доручек

    Max

    60 €

Деца и дополнителни кревети

Бесплатно! Едно дете под 4 години престојува бесплатно кога се користи постоечко легло.
  • За едно дете од 4 до 12 години во дополнителен кревет се наплаќа 70% од цената на собата за една ноќ.
  • За едно постаро дете или возрасен во дополнителен кревет се наплаќа 100% од цената на собата за една ноќ.
  • Барањето на било каков вид на екстра кревет или детско креветче, треба да биде потврдено од страна на менаџментот.
  • Максималниот број на помошни легла во соба е 1.
  • Додатоците не се пресметуваат автоматски во вкупните трошоци и ќе треба да се платат одделно во текот на вашиот престој.

Локација

Располага со

  • Ресторан
  • Бар
  • Бизнис Центар
  • Конференциска сала
  • Сала за состаноци/прослави
  • Казино
  • Продавница за сувенири
  • Менувачница
  • Спа центар
  • Фитнес центар
  • Сауна
  • Масажа
  • Базен
  • Тераса
  • Паркинг
  • Wi-Fi интернет
  • Телефон
  • TV
  • LCD TV
  • Мини бар
  • Фен
  • Клима уред
  • Џакузи
  • Бања или туш
  • Собна услуга
  • Појадок во соба
  • Перална
  • Превоз до аеродром
  • Изнајмување на автомобили
  • Сеф