Аурорa Ресорт и Спа

Ул. 3 бб, Берово

  • Број на соби: 31

  • Пријава: 14:00 - 23:00

    Одјава: 08:00 - 12:00

Почнувајќи од: 50

Аурора Ресорт и СПА е првиот ресорт во Ре­публика Македонија граден како ре­зул­тат на долгогодишното искуство на менаџерскиот тим од Аурора Турс на по­ле­то на бизнис патување, одмор, ре­лак­сација и задоволство. Комплекс во кој се вградени многу љубов, знае­ње, енергија и желба за постигнување на врвни резултати.

Хотелот е позициониран на самата кру­на на Беровското езеро, идеално вкл­опен во природното опкружување на на­далеку познатата Беровска борова шума, на надморска височина од 1062 м, во срцето на еден од само четирите постоечки светски кислородни ко­ри­до­ри. Изграден од природни еле­мен­ти, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на ра­с­тенија и дрва кои го претвораат во прек­расна ботаничка градина, тој пре­т­ставува вистинска планинска хар­мо­нична бајка.

Комплексот претставува целина од по­ве­ќе градби како рецепција, ресторан, СПА центар и вили во кои се сместени различни типови на соби, сите оп­ре­мени со модерен мебел, бања, тераса, мини бар, ТВ, WIFI интернет, опрема за кафе и чај и др.

Ресторанот во Аурора Ресорт и СПА е уникатно архитектонско дело во кое и најголемите гурмани и сладокусци ќе имаат можност да ги вкусат тра­ди­цио­нал­ните локални специјалитети како и деликатесите на ин­тер­нацио­нал­на­та кујна.

Ресортот претставува идеално место за одржување на бизнис средби, кон­фе­рен­ции, семинари, обуки, конгреси и са­ми­ти, за чии потреби, на рас­по­ла­га­ње клиентите имаат целосно оп­ре­мена и мо­дерна конференциска сала, сог­лас­но интернационалните ста­н­дар­ди.

Цена по соба за едно ноќевање

Вклучено 5% ДДВ, 0.68% туристичка такса

  • Deluxe Double Room

    Вклучен доручек

    Max

    62 €

    Max

    75 €

  • Superior Double Room

    Вклучен доручек

    Max

    50 €

    Max

    68 €

  • Twin Room

    Вклучен доручек

    Max

    50 €

    Max

    68 €

  • Junior Suite

    Вклучен доручек

    Max

    75 €

    Max

    84 €

Деца и дополнителни кревети

Бесплатно! Сите деца под 6 години престојуваат бесплатно кога се користат постоечките легла.
  • За деца од 6 до 12 години во дополнителен кревет се наплаќа 50% од цената на собата за една ноќ.
  • За постаро дете или возрасен во дополнителен кревет се наплаќа 70% од цената на собата за една ноќ.
  • Максималниот број на помошни легла во соба е 1.
  • Барањето на било каков вид на екстра кревет или детско креветчете, треба да биде потврдено од страна на менаџментот.
  • Додатоците не се пресметуваат автоматски во вкупните трошоци и ќе треба да се платат одделно во текот на вашиот престој.

Локација

Располага со

  • Ресторан
  • Бар
  • Бизнис Центар
  • Конференциска сала
  • Сала за состаноци/прослави
  • Казино
  • Продавница за сувенири
  • Менувачница
  • Спа центар
  • Фитнес центар
  • Сауна
  • Масажа
  • Базен
  • Тераса
  • Паркинг
  • Wi-Fi интернет
  • Телефон
  • TV
  • LCD TV
  • Мини бар
  • Фен
  • Клима уред
  • Џакузи
  • Бања или туш
  • Собна услуга
  • Појадок во соба
  • Перална
  • Превоз до аеродром
  • Изнајмување на автомобили
  • Сеф