Фрути Ди Маре

Ул. Раде Кончар бр.5, Скопје

  • Телефон 1: 02 3132 145
  • Телефон 2: 075 233 934
  • Email: konobafruttidimare@gmail.com
Годините минуваат, генерациите се менуваат, а останува само виното.... и конобите, велат стиховите на една песна. Постојаниот стремеж на човекот на денешницата, да се отргне од грубото секојдневие и да му стане сонот реалност како во стиховите на песната, се моментите што ќе ги доживее во конобата "Фрути ди Маре".

Познат и како "Коноба кај Иве", овој угос­ти­тел­ски бисер нуди нешто единствено: вис­тин­ски приморски амбиент со мрежи распослани по таваните , небаре сега од нив се извадени све­жите морски плодови, релјефни ѕидови на кој се отсликува уметноста на Урдин и ег­зо­ти­ката на Коџоман, стари предмети кои созда­ва­ат чудесна патина на просторот, камин што пот­сетува на бајковидните дела на Гауди, бав­ча што би можеле само да ја сонувате во лет­ни­те денови и ноќи. Релаксираната ме­ди­те­ран­ска атмосфера ви ја надополнуваат зву­ци­те на при­јатната музика прилагодена според момент­ните музички желби и чувства на гос­тите.
Суштесвеното сиже на севкупната при­го­да е сепак уживањето што го нуди гастро­но­ми­ја­та, кулинарските тајни главно потекнуваат од Далмација, збогатени со по некоја при­мор­ска "финта" од Италија и Скандинавиа. Фрути ди Маре, не ви нуди само храна, туку и начин на живеење…

Локација

Дополнителни информации

  • Работно време: 11:00 - 24:00

  • Број на места (внатре): 40

  • Број на места (надвор): 70

  • Паркинг
  • Начин на плаќање: Visa, Master Card