Гостилница Ла Тана

Ул. Пролет бр.13, Скопје

  • Телефон 1: 077 592211
  • Email: gorjan.tikovski@hotmail.com
Ова е новоотворена гостилница која со духот и мирисот на староградско-етно стилот ќе ве натера да се чуствувате како во раните 40 години.

Место каде што ќе го почуствувате благодетот на вкусната храна и прекрасното вино, место каде што е опфатена целокупната потреба на еден народ. Ова не е место на нереални, неквалитетни и непродуктивни понуди кои се нудат од страна на некој угостителските објекти.

Гостилница ЛА ТАНА пред сè се залага храната да биде со висок квалитет, брза и исклучително професионална услуга од страна на целиот персонал.
ЛА ТАНА не им нуди на своите гости само скара и домашни салати, туку и цела низа висококвалитетна храна од македонската традиционална кујна и пијалоци. Нашата храна ја подготвуваат готвачи кој имаат искуство од старата македонска-тра­­диционална кујна, и нормално, секогаш се работи по желбата на нашите драгоцени гости.

Лоцирана е во центарот на градот на можеби најпрометната улица во близина на полициската станица “ПРОЛЕТ” и ”ТУТУНСКИ КОМБИНАТ СКОПЈЕ”.

Локација

Дополнителни информации

  • Работно време: 08:00 - 24:00/01:00

  • Број на места (внатре): 55

  • Број на места (надвор): 50

  • Паркинг
  • Начин на плаќање: Visa, Master, Maestro