Ореов Лад

Сарајска бр.1, Скопје

  • Телефон 1: 02 2057 958
  • Email: oreovlad@gmail.com
Прекрасен амбиен со опоен мирис на цвеќе под сенките на оревите лисја.

Ореов Лад е национален ресторан со 140 годишна семејна традиција, не­зао­би­колно добредојде на дестинацијата кон Матка. Познат по старите македонски јаде­ња подготвени под вршник, пастрмка од сопствен базен, професионална кетеринг услуга. Топла атмосфера покрај каминот во зима и летната бавча во лето, атрактивни настани во вечерните часови со музика во живо, по чии ноти секако ќе заиграте.

Ново во ресторан Орев Лад.
Од неодамна во нашиот ресторан се приготвува храна во живо со големиот кулинарски мајстор Влатко Огненовски, кој ќе Ви ја понуди креативноста на денот и ќе Ве изненади со неговите Вештини во готвењето. Висока италијанска кујна со домашно припремени тестенини, бифтек, десерти ...

Ова прекрасно искуство може да го доживеете во релаксирачки амбиент исполнет со многу зеленило.

Катеринг услуга
Нашата кетеринг услуга ќе Ви овозможи да ги угостите Вашите гости во вашиот дом.

Ресторанот поседува и сопствен паркинг и детско игралиште.

Локација

Дополнителни информации

  • Работно време: 09:00-24:00/01:00

  • Број на места (внатре): 180

  • Број на места (надвор): 250

  • Паркинг
  • Начин на плаќање: Visa, Master Card, American Express