Пантелејмон

с. Горно Нерези, Скопје

  • Телефон 1: 02 3081 255
  • Телефон 2: 02 30 81 250
  • Email: adrijatikpantelejmon@yahoo.com
Во рамки на угостителскиот комплекс се наоѓаат ресторанот, елитниот клуб "Клет" и апартманите кои се сместени во објект кој плени со својот, по малку, архаичен, но уникатен македонски стил. Можеби највредно е да се спомене постоењето на црквата "Св. Пантелејмон", која му дава посебна убавина и духовност на местото.

Поседуваме 28-годишно работно искуство во угостителството во земјата и во странство. Ве повикуваме да нe посетите. Ќе ни биде посебна чест и задоволство да Ве услужиме...

Ако кажеме дека нешто материјално може да има душа, тогаш сигурно прво на листата би било ова место. Ресторанот со национална македонска кујна, претставува прекрасно место за најразлични организирани прослави, свадби, веселби. А, можеби и Ваша романтична прошетка проткаена со љубов. Амбиентот го надополнува прекрасниот поглед на градот Скопје.

Во нашиот ресторан може да пробате секакви видови на јадења и специјалитети од националната македонска кујна. Ви препорачуваме: Пантелејмон пита и овчо кисело млеко, Пантелејмон тава, јагнешко во ќуп...

Локација

Дополнителни информации

  • Работно време: 08:00 - 24:00/ 08:00 - 01:00

  • Број на места (внатре): 100

  • Број на места (надвор): 100

  • Паркинг
  • Начин на плаќање: Master Card, Visa, Maestro