Баба Цана

Ул. Партизанска бр.3, Куманово

  • Телефон 1: 031 412 003
  • Телефон 2: 075 484 573
  • Email: korner.kebapcilnici@yahoo.com
Етно ресторан “Баба Цана“, започна со работа 2010 година, а за период од помалку една година работење се вброи во еден од најпрестижните ресторани во Куманово, но и пошироко во Македонија.

Ве очекуваат специјалитети од богатото македонско традиционално поднебје, вкусна скара, пијалоци за уживање и префинети аперитиви. Храната, месото и месните производи што тие се нудат се познати по својот квалитет и задоволување на сечиј вкус. Од 2011 година, "Корнер Производство" има добиено решение за производство, обработка и манипулација со месни производи од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ. Производите на "Корнер" се единствени во Македонија и се изработуваат исклучително од свежо месо, без употреба на адитиви и конзерванси. Рецептите и храната кои можете да ги изберете во нашите ресторани се исклучително од старата македонска кујна.

Амбиентот врви со стари македонски орнаменти, шари и бои како во дамнешнината, униформата на персоналот е изработена со етно дезени и мотиви. Едноставно, тука можете да се почувствувате како да живеете во времето на нашите предци.Единствените и незаборавните моменти кои ги поминувате со својата фамилија, пријатели и деловни соработници, поминете ги во неповторливиот амбиент на етно ресторанот “Баба Цана“.

Локација

Дополнителни информации

  • Работно време: 08:00 - 24:00/ 08:00 - 01:00

  • Број на места (внатре): 60

  • Број на места (надвор): 50

  • Паркинг
  • Начин на плаќање: Master Card, Visa, Maestro