Македонска Куќа

Ул. Теодосиј Гологанов бб, Скопје

  • Телефон 1: 02 3296 415
  • Email: contact@makedonskakuka.com.mk
Националниот ресторан "МАКЕДОНСКА КУЌА" е најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството.
Тој претставува и своевиден ресторан - музеј во амбиентална градба збогатен со непроценливи колекции на сувенири и орнаменти, стари и по неколку векови.

Национален ресторан "МАКЕДОНСКА КУЌА" во Скопје нуди комфор на 350 гости.Обиколен со сопствен паркинг во зелената површина наспроти поранешната фабрика Алумина, ресторанот плени со својата убавина и душа.

Оригиналните рецепти верни на традицијата се одлика на обилната и гурманска кујна, типична за овие простори. Нотите на македонската музичка уметност често ги надополнуваат и настапи во живо на национални ансамбли и играорни групи.

Локација

Дополнителни информации

  • Работно време: 08:00 - 24:00/ 08:00 - 01:00

  • Број на места (внатре): 350

  • Број на места (надвор): 0

  • Паркинг
  • Начин на плаќање: Master Card, Visa, Maestro